Ефикасноста на македонското судство: Груевски се спаси од „Траекторија“, државата ќе му ги плати судските трошоци

Точка

13/11/2019

12:30

3.175

Големина на фонт

а а а

Поранешниот македонски премиер кој моментално е азилант во Унгарија, Никола Груевски, се спаси од потенцијална затворска казна поради застареност на делото.

Груевски нема да одговара за случајот „Траекторија“ во кој е обвинет за злоупотреби при изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Штип-Миладиновци и му се закануваше затворска казна од три години.

Со оглед на тоа што се поминати шест години, а правосилна пресуда нема, по барање на одбраната, Кривичниот суд денес констатираше апсолутна застареност на делото.

Покрај тоа што поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ нема да одговара за евентуална злоупотреба при изградбата на „кинеските автопати“, државата ќе мора да му ги плати сите судски трошоци.

Во случајот „Траекторија“, Никола Груевски беше обвинет за делото „Примање награда за противзаконито влијание“, покрај поранешниот премиер обвинети се и поранешните министри Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, како и поранешниот директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски на кои им се суди за „Злоупотреба на службената положба“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг