Наставничка од пеколот: Ученичка брутално удира со тупаници, а потоа ја соборила на под и ја газела по глава со сета сила

Точка

13/11/2019

10:46

4.374

Големина на фонт

а а а

Американската јавност е шокирана поради снимките на кои се гледа како наставничка физички напаѓа една ученичка. 32-годишната Тифани Шадел Ленкфорд е обвинета за нанесување на тешки телесни повреди.

Инцидентот се случил минатата недела во Средното училиште "Лиман" во Тексас, на околу 30 километри јужно од Остин. На снимката се гледа дека во училницата владее хаотична атмосфера, средношколците разговараат и ја игнорираат наставничката на замена. 

Ситуацијата се заострила кога Ленкфорд почнала да ги пцуе децата, вели Пол Патрис, адвокат на семејството на 15-годишната жртва. Неговата клиентка тогаш наводно и рекла дека не може така да разговара со нив.

Нервозната наставничка ја нападнала и почнала силно да ја удира со тупаници, за на крајот да ја собори на под и да и ја гази главата со сета сила.

Тинејџерката се здобила со неколку повреди, па татко и по инцидентот ја одвел во болница.

Обвинетата од крајот на август 2018-та година работа како замена во училишниот округ Хејз.

"Нечуено е што таа жена им направила на учениците во училиштето", изјавил портпаролот на училишниот одбор Тим Савој и додал дека за такво нешто нема оправдување, а гувернерот на Тексас, Грег Абот, наложил отворање на истрага против училишниот округ.

Поранешната помошна наставничка платила кауција од 10.000 долари и се наоѓа на слобода. Ако биде обвинета за нанесување на тешко телесни повреди, и се заканува казна затвор од 2 до 20 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг