Израелски воздушни напади во Газа

Макфакс

12/11/2019

18:17

1.073

Големина на фонт

а а а

Израелската војска соопшти дека извела воздушни напади во Газа, а цел биле екстремисти од Исламски џихад.

Во нападите погоден е камп за обука и подземен објект кој служел за производство и складирање оружје, тврди израелската војска.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека во воздушните напади е убиен 25-годишен Палестинец, но засега не е познато дали станува збор за екстремист.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, претходно денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, што избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг