Гиговска повторно го „запали“ Инстаграм: Пејачката откри повеќе од очекуваното

Точка

12/11/2019

23:13

13.321

Големина на фонт

а а а

Македонската пејачка со уникатен глас повторно успеа да го насочи целото внимание кон себе.

Антониа Гиговска викендов правеше фотосесија во Банско за естрадниот магазин Бекстејџ, а оттаму постојано ги известуваше фановите што прави.

Имено, иако фотографиите од самата фотосесија сè уште не се објавени, Гиговска веќе ги воодушеви фановите со една “селфи“ фотографија направена после фотосесијата.

Причината за тоа најверојатно е природната убавина на Гиговска, а веројатно голем удел има и спонтаноста на самата фотографија.

Антониа на фотографијата носи бела длабоко откопчана кошула, која открива повеќе од што сме навикнати да видиме од неа.

Досега пејачката собра повеќе од 9.000 лајкови, а исто така има и многу комплименти во коментари.


Еден од коментарите му припаѓа на нејзиниот партнер, пејачот Иван Јованов, кој останал без текст, па својата воодушевеност ја искажал преку емотикони. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг