Го урнале Гинисовиот рекорд во заеднички живот: Тие се најстариот пар на светот

Точка

12/11/2019

17:13

1.126

Големина на фонт

а а а

Заедно имаат повеќе од два века. Џон Хендерсон наполнил 106, а неговата сопруга Шарлот 105 години. Овој тексашки брачен пар според Гинисовата книга на рекорди е најстариот жив пар на светот.

Џон и Шарлот од Остин во декември прославиле 80 години заеднички живот, што е животен век на просечен Американец, пишува CNN. Парот се венчал во 1939-та година, а се запознале во 1934-та година, додека биле студенти на универзитетот во Тексас. 

Шарлот студирала да стане наставничка, а Џон бил дел од фудбалски тим. За CNN изјавиле дека времињата биле толку тешки што на хотелската соба која ја изнајмиле за медениот месец потрошиле само 7 долари.

Не треба да се заборави ни на тоа дека Џон е и најстариот жив поранешен фудбалер од универзитетот во Тексас. Овој пар е жив доказ за тоа дека љубовта може да го преживее тестот на времето. Велат дека љубовта меѓу нив во текот на годините само зајакнувала.

Пред десет години се преселиле во Лондон во локалната заедница на пензионери, која се поврзува со универзитетот на кој студирале. Среќни се како и досега.

Џон секојдневно вежба, а на прашањето на новинарот на CNN, која е тајната на долгиот живот и среќниот брак, одговорил: "Живејте умерено и бидете љубезни кон својот избраник".



Спонзорирани линкови

Маркетинг