Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Точка

12/11/2019

15:14

4.546

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски денес во Париз оствари средба со неговиот француски колега Емануел Макрон.

Откако Македонија токму поради Франција остана без датум за преговори со Европската унија, Емануел Макрон го покани Пендаровски на средба во Париз.

Макрон денес го прими македонскиот претседател на кој му открил дека Франција веќе испратила неформален „нон-пејпер“ предлог до останатите земји членки на Европската унија во врска со реформата на методологијата на пристапните преговори за членство.

Методологијата која ја бара Франција би требало да биде усвоена до март, по што, иако нема гаранции за такво нешто, сепак можно е Македонија да добие позитивна одлука на самитот во Загреб во мај идната година.


Претседателот Пендаровски уште еднаш нагласил дека Македонија не прифаќа никаква друга алтернатива освен полноправно членство во Европската унија. Од друга страна, францускиот претседател истакнал дека немал намера на Македонија да ѝ даде некаква алтернатива, туку побарал само менување на методологијата и за тоа било потребно време.

„Со претседателот Емануел Макрон имав одлична средба и динамичен разговор денеска во Париз. Средбата беше можност да ја потврдам нашата заложба за европска интеграција и да го информирам претседателот Макрон дека ние немаме резерва за изменета методологија за водење на претпристапните преговори со ЕУ со цел продлабочување на процесот. Претседателот Макрон најави посета на Северна Македонија во првата половина на 2020“, изјави Пендаровски.