Основачот на Твитер јаде еднаш дневно, а за време на викендите воопшто не јаде: Ова се бизарните ритуали на Џек Дорси

Супермен

12/11/2019

15:29

1.953

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, има прилично необични ритуали до кои се придржува и за кои вели дека му помагаат да се справи со стресот.

Тој води строга диета и всушност јаде само еден оброк дневно и тоа само вечера. За викенд, Дорси не јаде апсолутно ништо, а кога јаде, воглавно за оброк има риба или месо со зеленчук, а за десерт консумира црно чоколадо и некое овошје. 

Освен тоа, Џек неколку часа дневно медитира, а секој ден пешачи околу 8 километри до работното место. Како што вели, тоа му помага да “го изостри умот”. Понатаму, овој 42-годишен маж кој “тежи” 5,3 милијарди долари никогаш не се тушира туку го започнува денот со ледена купка.

Според неговите зборови, оваа рутина му помага деновите да му траат подолго и навечер му овозможува полесно и побрзо да заспие. Дорси често на својата социјална мрежа објавува како го поминува својот ден. 


“Во текот на денот сум многу пофокусиран”, вели тој.

Џек во емисијата на Бен Гринфилд изјавил дека еден ден сака да има свое семејство, а сега додека е самец, испробува што најмногу му одгоара.

Чуден начин на исхрана

Најголемо внимание привлекла неговата исхрана. Имено, Дорси јаде еден оброк во периодот од 18:30 часот до 21 часот. Понекогаш си дозволува чаша до две вино, но вели дека не претерува со алкохолот бидејќи му го нарушува сонот.

Од неодамна, основачот на Твитер одлучил за време на викендите да не јаде ништо, а од суплементи и додатоци во исхраната користи само таблети со витамини.


Џек вели дека првпат кога постел му било многу необично:

“Имав чувство како да халуцинирам. Тоа беше чудна состојба, но следните два пати кога го направив тоа, сфатив колку нашите денови се концентрирани околу оброците и кога започнав со пост, времето како да се забави”.

Дорси инаку не оди во теретана туку практикува вежбање во рамки на домот за кое вели дека му се доволни само 7 минути дневно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk