"Од каде сега ова?!": Ким на снимањето го носела џиновскиот дијамант кој ѝ го украле во грабежот во Париз!

Точка

12/11/2019

14:35

2.131

Големина на фонт

а а а

Сестрите Кардашиан повторно се појавиле во кампањата за новата дијамантска линија на KKW парфемите.

Ким, Клои и Кортни Кардашиан позирале за новата линија парфеми "KKW Parfumes" со залижани коси и накит вреден неколку милиони долари. 

Интересно е тоа што на оваа фото-сесија Ким носела два дијамантски прстени кои ѝ го подарил Канје Вест, а еден од нив ѝ бил украден во 2016-та година во Париз, кога крадците украле накит вреден 10 милиони долари.

Првиот овален прстен од 15 карати Канје и го подарил во 2013-та година кога ја запросил, а другиот дијамански прстен од 20 карати го добила летото во 2016-та година.

Тој втор прстен бил украден во Париз при грабеж истата година, но светот зборува за тоа дека старлетата овие денови повторно го носи токму тој прстен. Единствена можност е дека е изработен ист таков прстен, или дека станува збор за многу добра копија, иако се знае дека Ким баш и не носи копии.

View this post on Instagram

#KKWDIAMONDS available now! KKWFRAGRANCE.COM

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Во врска со тоа, не чуди што фановите масовно ги поставуваат прашањата: "Од каде сега ова на твојата рака", "Зарем овој прстен не беше украден во текот на грабежот", "Дали се беше исценирано...."

По повод промоцијата на новиот парфем кој е пакуван во дијамантски шишенца, Ким изјавила:

"Оваа колекција е многу посебна затоа што тоа првиот парфем кој го рекламирам во соработка со Клои и Кортни по долго време", рекла возбудено Ким.

Сите три сестри на сетот имале иста фризура, "smokey eye" на очите и кармин во боја на кожа. Клои која во моментов е блондинка, за оваа прилика ја променила бојата на косата во костенлива.

"Работејќи со моите сестри на оваа колекција парфеми во мене разбуди некоја носталгија. Парфемот е наш личен избор. Работејќи на него од почеток до крај беше многу возбудливо искуство", додала Ким.

Розе линијата ја претставува Клои, а жолтата Кортни. Сите од овие 3 парфеми ќе може да се купат за 40 американски долари.

Пред ова, Ким соработувала со најмладата сестра Кајли Џенер на линија парфеми која ја видела светлината на денот во август.

Пред соработката со Кајли, Ким лансирала линија на облека со име "Скимс". Судејќи по податоците Ким неколку минути откако ја лансирала "Скимс" заработила 2 милиони долари. Подоцна во колекцијата додала долна облека која се продава ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг