Мицкоски со организацијата „Македонија 2025“ разговараше за актуелни политички прашања

Макфакс

12/11/2019

12:08

949

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни напредокот на земјава, соопшти партијата.

„Во текот на средбата Мицкоски посочи дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.

Граѓаните се повеќе осиромашуваат поради оваа влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања, посочи Мицкоски.

На Република Македонија и е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството.Мицкоски на крајот од средбата посочи дека време на реформи доаѓа по изборите на 12-ти април, кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори“, се додава во соопштението.