Пендаровски на 22-ри ноември во посета на Вучиќ

Макфакс

12/11/2019

10:47

683

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски, на 22-ри ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во Белград, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.