Вучиќ со Макрон разговарал за иницијативата за „мини шенген“

Макфакс

12/11/2019

10:46

762

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Париз дека имал многу срдечен, отворен и пријателски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Вучиќ му пренел на Макрон дека Србија би сакала јасно да и се каже што може да очекува и на што да се надева во иднина кога станува збор за европските интеграции.

Претседателот на Србија им рече на новинарите дека на Макрон му ги пренел деталите за иницијативата со Северна Македонија и со Албанија за „мини Шенген“.

Францускиот претседател се интересирал дали Вучиќ очекува и други држави од регионот да учествуваат во иницијативата, а Вучиќ истакнал дека се надева на тоа, пренесуваат медиумите.

Вучиќ вели дека е уверен дека Макрон и јавно ќе ја поддржи иницијативата.Претседателот на Србија рече дека за време на вечерата, која Макрон претходно ја подготви за учесниците на Парискиот мировен форум, разговарал со многу светски официјални претставници, а имал средба и со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш за Косово.