Ангеловски со проблеми пред Австрија и Израел, отпадна Алиоски, а виси настапот на Тричковски, дополнително е повикан Костадинов

Дерби

11/11/2019

14:14

1.013

Големина на фонт

а а а

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски се соочува со големи проблеми во пресрет на последните два квалификациски натпревари против Австрија и Израел.

Мрме нема да може да смета на голем број стандардни фудбалери кои отпаднаа или поради повреда или поради суспензија.

Со Австрија поради суспензија нема да играат Висар Муслиу, Илија Несторовски и Бобан Николов, но она што треба да го загрижува Ангеловски е билтенот на повредени играчи.

Имено, уште претходно не беше повикан Аријан Адеми поради повреда, а сега од составот отпаднаа и Џани Алиоски и Иван Тричковски. Алиоски не настапи на првенствениот натпревар за Лидс, додека Тричко заработи повреда на натпреварот против Докса на кој беше стрелец и на еден погодок. Постои минимална можност Тричковски да биде оспособен за игра затоа што врз него се прават дополнителни прегледи по кои ќе биде точно познато дали ќе може да помогне.

Во селекцијата за прв пат е повикан младиот фудбалер на Ружембeрок, Тихомир Костадинов кој беше редовен член на у21 репрезентацијата на Македонија.

Ангеловски потврди дека дефинитивно на собирот ќе бидат Стефан Ристовски и Дарко Велковски кои веројатно ќе помогнат во одбраната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг