Додека Ердоган се подготвува да отпатува за САД, протекоа детали околу судирот помеѓу неговото обезбедување и Американците

Точка

10/11/2019

12:06

7.701

Големина на фонт

а а а

Американската тајна служба и обезбедувањето на Ердоган од Турција имаа „недоразбирања“ за време на посетата на турскиот претседател на САД во 2017-та година.

Американските официри тврдеа дека од обезбедувањето на Ердоган се обиделе да нападнат една жена која што протестирала пред амбасадата на Турција. Во пресрет на новата посета на Ердоган на САД која е закажана за во среда, растат стравувањата дека би можело да дојде до нови судири.

Како што покажуваат архивските снимки од пред две години, дошло до судир помеѓу противниците и поддржувачите на Ердоган, а во сето тоа учествувале и припадниците на обезбедувањето на претседателот на Турција.


Вашингтонската полиција морала да реагира и да ги раздвои сите страни, а од турската амбасада не сакаа да ги коментираат судирите помеѓу обезбедувањето на Ердоган и неговите поддржувачи со неговите противници. Од таму само наведоа дека демонстрантите биле причината за насилствата со тоа што „агресивно ги провоцирале“ турско-американските државјани кои што пристигнале да го поздрават претседателот на Турција.

Конфликтот кај амбасадата не беше изолиран инцидент, туку само еден од многуте кои се случија тој ден, стои во тужбата која што ја поднесоа пет лица против државата Турција, наведувајќи дека обезбедувањето на Ердоган ги преминало границите на својата надлежност на американската територија.

Во тужбата биле наведени и изјавите на членовите на тајната служба која е задолжена за безбедноста на американскиот претседател.


„Видов дека шестмина мажи и една жена, припадници со „одела и кравати“ на обезбедувањето излегуваат од комбито и тргнуваат кон жената. Жената побегна и го избегна нападот“, стои во една од изјавите.

После физичкиот напад кој започнал кога припадник на обезбедувањето на Ердоган удрил по раката член на американската тајна служба, како епилог на тепачката, двајца Турци биле приведени, а турскиот амбасадор лично преговарал за нивно ослободување. Турците од друга страна ги обвинија припадниците на американската тајна служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг