“Шетав покрај куќата и видов десет луѓе во неговата соба“ - Рио Фердинанд ги откри пикантериите од животот на Кристијано Роналдо

Супермен

09/11/2019

14:17

17.600

Големина на фонт

а а а

Малкумина од современиот спорт денес можат да се споредат со Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс, великаните во фудбал и кошарка кои вложуваат милиони во своето тело.

Сето тоа дупло им се враќа затоа што од првите големи заработки тие енормно почнале да вложуваат во својот развој и напредок за со своите физички предиспозиции да можат да доминираат, а исто така и ризикот од повреди да го сведат на минимум.

Сето тоа вродило со плод, статистички, по број на титули и мали паузи, а Рио Фердинанд во едно интервју го открил моментот кога сфатил дека Роналдо ќе биде вистинска “машина“.


„Беше првата личност која ја видов што толку многу вложува во себе. Шетав околу неговата куќа и видов десеттина луѓе во неговата соба. Се прашав: “Кои се тие луѓе? Што се случува?“, ништо не ми беше јасно“ - изјавил Фердинанд.

„Потоа во клубот имав историска шанса да го прашам Кристијано за што станува збор, а Кристијано ми кажа дека се работи за цел тим луѓе кои се грижат за него - готвач, психолог, доктор, личен тренер, физиотерапевт“ - додал Фердинанд.


„Замина од Манчестер Јунајтед за да стане најдобар на светот. Тој е како Леброн Џејмс, двајцата вложуваат многу пари за тоа да имаат опрема која им одговара и нивното тело и ум да работат на највисоко ниво со години“ - додал Фердинанд и на младите им порачал да се угледаат на Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk