АТП финале, завршен турнир на сезоната, почнува во недела. Два ден пред стартот на турнирот во Лондон учесниците се дружеле, се возеле со брод по реката Темза и уживале.
Попатно морале да ги направат вообичаените формалности меѓу кои било и заедничкото фотографирање.
Дружењето на осумте најдобри тенисери за 2019-та година било многу интересно. Насмевките биле присутни на сите страни.
Сепак најголем број на коментари на социјалните мрежи предизвикала фотографијата на Ѓоковиќ со Стефанос Циципас и Александар Зверевим. Луѓето претпоставувале за што би можело да разговараат кога Ноле направил таква непријатна поза како да им се правда.