Арогантни сте! Курц ги нападна земјите кои го блокираа доделувањето на датум за преговори со Македонија

Точка

08/11/2019

13:05

2.820

Големина на фонт

а а а

Австрискиот канцелар ја критикуваше „западната ароганција“ кон источноевропските земји, оценувајќи ја одлуката Македонија и Албанија да не добијат датум за преговори со ЕУ како „апсолутно погрешна“.

Себастијан Курц во интервјуто за германски "FAZ" предупреди на опсноста од продлабочување на раздорот помеѓу западна и источна Европа.

„Делумно присутната западна ароганција придонесува за јакнењето на негативните чувства на истокот на Европа, а како последица, жителите на западна Европа на граѓаните од источниот дел на континентот гледаат од високо“, објасни австрискиот канцелар.

Тој порача дека не ја цени политиката на „подигнат прст и морална ароганција“ и порача дека од осовните вредности како што се владеењето на правото и демократијата не смее воопшто да се отстапи.


„Тоа е основата на Европската унија. Тоа што во мигрантската криза одредени држави се обидоа на други да им ја наметнат политиката на отворени граници сигурно го продлабочија раздорот во Европа“, изјави Курц.

Курц предупреди дека постои едно проблематично укажување на тоа дека само во источна Европа постојат „антиевропски сфаќања“. Според него, тоа исто така е присутно и на Западот.

„Кога од источна Европа ќе пристигне некаков предлог, тоа автоматски се окарактеризира како нешто негативно по Европската унија, а на другата страна секој предлог на некоја од земјите основачи се смета како храбро европско делување“, порача Курц.


„Неоадмна се одлучуваше за проширувањето на Европската унија на Западниот Балкан. Македонија и другите земји навистина вложија напори во спроведувањето на реформи и заслужуваат европска перспектива. Треба да внимаваме да не ги изгубиме и да се завртат кон Турција, Русија и Кина. Земјите кои што овојпат беа против сигурно не беа „антиевропски окарактеризираните“ источно-европејци“, порача Курц.

За крај, австрискиот канцелар кој што е силен поддржувач на Македонија, изрази надеж дека одлуката Македонија и Албанија да останат без датум за преговори наскоро ќе се промени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг