Протече вознемирувачка снимка од убиството на водачот на „Гробарите“

Дерби

04/11/2019

21:57

12.024

Големина на фонт

а а а

Во петокот во Вождовац, Србија, беше убиен еден од водачите на навивачката група „Гробари“, Љубомир Марковиќ Кича.

Во јавноста во Србија сега протече ексклузивна снимка од убиството на Марковиќ на бензинска станица во Вождовац.

Имено, на снимката се гледа како Марковиќ заедно со уште неколку други лица стои на тротоарот пред еден балон кога до нив се доближува човек со капа. Сега убиениот веројатно го препознал напаѓачот, па тргна да бега кон бензинската станица, меѓутоа се гледа како набрзо паѓа на земјата откако доби пет куршуми од се уште неидентификуваниот напаѓач.

Мотивите за ликвидацијата се уште не се познати. Снимката за која ве предупредуваме дека е вознемирувачка може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

##https://twitter.com/Apokaliptick/status/1191287323520057344##



Спонзорирани линкови

Маркетинг