Мицкоски на британската амбасадорка ѝ укажа на корупциски афери без правен епилог

Макфакс

01/11/2019

12:49

825

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски оствари средба со британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Како што информираат од опозициската партија, на средбата се разговарало за аткуелните политички случувања во државата, македонската европерспектива и клучните реформски процеси.

Мицкоски истакнал дека Република Македонија има сериозен проблем со криминалот и корупцијата во, како што рекол, највисоките ешалони на власта.

„Неказнивоста на криминалот и корупцијата исто така се сериозен проблем, ниту за ‘Рекет 1’, ниту за ‘Рекет 2’, ниту пак за случајот Рашковски се уште нема правна развршница. Ваквата состојба претставува сериозна пречка на патот на македонските европски интеграции“, посочил лидерот на опозициската партија.

Мицкоски на средбата потенцирал и дека интеграцијата во Европската Унија е стратешка цел за партијата и дека новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ нема да губи време и веднаш ќе се зафати со спроведување на суштински реформи.