Како да изгледате младо и по 60-тите години – само погледнете ја Брижит Макрон!

Кармин

01/11/2019

11:35

5.076

Големина на фонт

а а а

Кога ќе дојдете во одредена година, младоста не може да се врати, но она што можете да го направите е да избегнете да изгледате старо.

Младешкиот изглед можете да го постигнете и во поодминатите години. Но, како? Само погледнете како тоа го прави Брижит Макрон! 

Фризура

Макрон е позната по убавата и негувана коса. Косата ѝ е исфенирана и секогаш полна со волумен, а нејзината должина до рамената ги прикрива недостатоците на вратот кои се појавуваат со текот на стареењето.


Бојата е исто така многу битна – таа мора да биде сјајна и впечатлива. Здравата коса и дефинираната боја ќе му дадат сјај на лицето и ќе го направат да изгледа посвежо.

Боја на облека

Традиционално, со текот на годините жените ширум светот бираат темни нијанси на гардероба. Ретко ќе забележите жена во подоцнежни години како носи лесен фустан во светлосина или розова боја. Меѓутоа, ќе ви оддадеме една тајна: светлите бои оплеменуваат.


Сметаме дека вишокот килограми е сосема нормален, доколку тој не ви смета здравствено и психички. Но, вистина е дека витките жени изгледаат помладо, затоа, доколку можете доведете го вашето тело до совршена линија.

Предност на фигурата

Речиси секоја фигура има некои недостатоци и предности. Постојат жени со тело како од соништата, но и тие имаат свои недостатоци.

Исто така, некои жени имаат прекрасни нозе кои не треба да ги кријат иако имаат 60 години. Една од тие жени е токму и Брижит која може да се пофали со тенки и затегнати нозе и би било штета доколку ги крие под долги фустани и широки панталони.


Таа добро го знае тоа, па затоа често ја гледаме во кратки здолништа. Поради деловните обврски, Макрон е приморана да носи и панталони, но секогаш одбира тесни кроеви кои ги нагласуваат нејзините нозе.


Затоа, доколку сакате да изгледате помладо отколку што сте, следете како се облекува Брижит и не грижете се – сигурно нема да погрешите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk