Открил каде е Багдади, па ќе заработи богатство: Инсајдерот кој помогнал да се најде лидерот на ИСИС ќе добие 25 милиони долари

Точка

31/10/2019

15:18

3.198

Големина на фонт

а а а

Инсајдерот од Исламската држава чии што информации довеле до акција во која беше ликвидиран Абу Бакр Ал Багдади, лидерот на Исламската држава, ќе добие награда од 25 милиони евра.

Идентитетот на инсајдерот кој бил близок соработник на Багдади не е соопштен, а американските медиуми пренесуваат дека најверојатно станува збор за припадник на Исламската држава, но од курдска националност.

Тој ја открил точната локација каде се наоѓа Багдади, како и тоа дека лидерот секогаш на себе носи експлозивен елек, а засолништето е преполно со сокриени експлозивни направи.

„Вашингтон Пост“ пренесува дека инсајдерот бил во засолништето на Багдади кога била организирана акцијата на американските специјалци, кои го „избркаа“ лидерот на ИСИС до слеп тунел, по што џихадистот не можел да побегне и го активирал експлозивниот елек, притоа убивајќи се себеси и своите три деца.

Инсајдерот го открил точниот распоред на простории во засолништето, а тоа дополнително им помогнало на американските специјалци кои операцијата за фаќање или убиство на најопасниот терорист на светот ја завршија без повреди и загуби на своја страна.