Димитров ги нападна пратениците на ДПМНЕ: Треба да се срамите, кога Европа беше спремна, ние градевме споменици!

Точка

29/10/2019

13:15

4.055

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров критиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за недобивањето на датум за преговори со Европската унија, ги оцени како бесрамни и дрски.

На седницата на Комисијата за европски прашања, Димитров се осврна на критиките од страна на опозицијата и порача дека нивните изјави се политичка дрскост, затоа што тие ништо не направиле за да ја приближат Македонија кон Европската унија и НАТО.

„Вакви изјави доаѓаат од луѓе кои нѐ закопаа и тапкаа за да не можеме да излеземе од таа состојба. Ќе ми биде срам да сум на нивно место и да зборувам за Европската унија, безобразно и дрско е”, порача шефот на македонската дипломатија и порача дека поради ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не може да се изгласа важниот Закон за јавно обвинителство.

Меѓу другото, Димитров порача дека Македонија ќе продолжи со реформите и ќе им докаже на скептичните земји дека процесите носат резултати кои треба да резултираат со добвање на датум за преговори со Европската унија, нешто што требало да се случи одамна.


„Ги испуштивме возовите кога Европа беше спремна, тогаш градевме споменици“, порача Димитров.

Инаку, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, а Антонио Милошоски од редовите на опозицијата порача дека седницата на Комисијата за надворешна политика е местото каде што треба да се дискутира за неуспехот на владата Македонија да добие датум за преговори со Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг