Ал Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен

Макфакс

29/10/2019

11:21

1.331

Големина на фонт

а а а

Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, откако загина за време на воената операција на САД во неговиот камп во северозападна Сирија минатиот викенд, потврди неименуван американски официјален претставник.

Властите не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен, ниту во кое море е спуштено телото, но официјални лица за „Еј-Би-Си“ изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите.

Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон.