Стејт департмент: САД ја продолжуваат борбата против ИД

Макфакс

29/10/2019

10:42

685

Големина на фонт

а а а

САД сакаат да ја зајакнат коалицијата која се бори против т.н. Исламска држава (ИД) во североисточна Сирија, изјави неименуван висок функционер од Стејт департментот.

Тој вели дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 6 октомври најави повлекување на американските сили од северна Сирија, со тоа не наговестил дека Вашингтон се откажува од борбата против терористичката организација.

Трамп во неделата објави дека Ел Багдади е убиен за време на рацијата на американската армија во северна Сирија, откако се разнесе со експлозив во тунел.