26-годишниот програмер Милутин Соколов од Белград поставил прашање на “LinkedIn” дали да ја одбере компанијата која има пинг-понг или компанијата во која вработените играат пикадо и предизвикал лавина од реакции и коментари.
Соколов го поставил прашањето бидејќи не можел да одлучи што е подобро за неговиот личен и професионален развој – пинг-понг или пикадо, па одлучил да го чуе мислењето на другите колеги.
“Сите останати услови кои ги добив во двете компании се речиси исти, така што остана само да ја решам дилемата помеѓу пикадото и пинг-понгот. Подеднакво ги сакам и двете активности и затоа ми е тешко да одлучам”, навел програмерот.
Според неговите зборови, во коментарите од своите колеги добил голем број интересни одговори и му се чинело дека бил многу блиску до конечната одлука, но имало и такви кои го навеле да размислува поинаку.
“Поединечни колеги ми рекоа дека треба да размислам и за компаниите кои не придаваат значење само на пинг-понгот, пикадото или вреќите за седење, туку им овозможуваат на вработените и развој на кариерата низ комплетен процес на воспоставување на еден информационен систем. Мислев дека не постои нешто такво. Мислам, каква е таа компанија на која не ѝ се најважни шарените соби за активности, флиперите или билјардот? Меѓутоа, поединечни колеги ми го свртеја вниманието дека има компании кои размислуваат на тој “out of the box” начин и кои повеќе се фокусираат на вработените и нивното постојано усовршување, отколку на забавните содржини во канцелариите”, наведува Соколов.
Иако младиот програмер бил на работ да прифати една од понудите, сега сериозно размислува да се вработи во компанија во која ни пинг-понгот ниту пикадото не се приоритети.
“Веќе со години мислам дека компаниите кои имаат такви содржини се посебни и поинакви, но навистина, кога сите имаат маса за пинг-понг, тие не се поинакви туку исти како и сите останати. Денес всушност е реткост една компанија да не става преголем акцент на тоа, туку да се занимава со своите вработени низ постојано учење и пракса, така што можеби на крајот ќе се испробам во компанија во која ваквите забавни содржини не се приоритет. И онака не сум премногу добар во пинг-понг, барем повеќе нема да морам да им купувам суши на колегите по секоја изгубена партија”, заклучил младиот програмер.