Главниот град на Индија најзагаден на светот, Скопје на четвртото место...

Точка

28/10/2019

10:57

1.970

Големина на фонт

а а а

Жителите на Њу Делхи се разбудија во сив облак откако воздухот беше екстремно загаден поради големата прослава проследена со огномет.

Чадот остана „заробен“ во студениот воздух во индискиот главен град. Загадувањето во одредени делови од Њу Делхи утринава се искачи на рекордно ниво во светски рамки, а тоа е последица од огнометот за време на одбележувањето на Дивали, индискиот фестивал на светлината.

Индексот на квалитетот на воздухот кој ја мери концентрацијата на отровни честички достигна 500 во неколку делови од Њу Делхи, вклучувајќи ја областа околу меѓународниот аеродром.

Инаку, се што е над 401 се смета за „тешко“ загадување, а таквото загадување може сериозно да влијае на лицата со болести на респираторниот систем, па дури и на тие кои што се целосно здрави.


За среќа на Индијците, загаденоста за релативно краток период започна да се расчистува поради поволната брзина на ветрот и прекинот на огнометите. Од Врховниот суд донеле наредба да се користи безбеден и еколошки огномет најмногу два часа и тоа само во одредени области како што се парковите.

Во друштво на индискиот главен град, два градови од Пакистан (Лахоре и Карачи) на листата со петте најзагадени градови во светот се најдоа Белград и Скопје на третото, односно на четвртото место.

Кога станува збор за регионот, кој очигледно се гуши во загаден воздух, на високото шесто место е Сараево, а главниот град на соседна Бугарија, Софија се најде на 10-то место на листата со градови со најголемо загадување на воздухот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг