Ден после ликвидацијата на Багдади објавено е името на новиот лидер: Еве кој ќе ги води џихадистите

Точка

28/10/2019

13:37

4.015

Големина на фонт

а а а

Ден после убиството на Абу Бакр Ал Багдади, кој беше убиен во воздушен напад на американските сили, Исламскат адржава веќе има нов лидер.

Абдулах Кардаш попознат како „Каршеш“ наводно бил именуван од самиот Багдади за челник на Исламската држава пред лидерот на џихадистите вчера да биде ликвидиран во воздушен напад на американската армија.

За него не се знае многу, освен тоа дека некогаш соработувал со Садам Хусеин.

„Багдади беше само фигура, не беше вклучен во секојдневните операции. Тој само говореше да или не, не беше задолжен за планирањата“, изјавиле извори добро запознаени со разузнавачките информации околу Исламската држава за „Њузвик“.

Според нивните информации, џихадистите на Исламската држава веројатно биле подготвени за смртта на Багдади. Жан-Пјер Филиу, професор по блискоисточни студии на Универзитетот во Париз вели дека сепак убиството на Багдади е тежок удар за ИСИС.

„Но, не е сигурно дека еден таква симболична загуба ќе влијае на нивната оперативна насока која веќе долго време е во рацете на искусни професионалци. Во тој поглед неговата смрт би можела да има уште помало влијание од убиството на Осама Бин Ладен на Ал Каеда“, изјави францускиот професор.


„Најверојатно е дека исходот на смртта на Багдади ќе биде затишје и пауза од терористички напади“, изјави Хишам Ал-Хашими, експерт за екстремизам од Багдад.

Иако го поздравуваат убиството на Багдади како пресвртница во борбата против тероризмот, европските челници нагласуваат дека Исламската држава со неговото убиство не е целосно поразена, за разлика од тоа што го говореше Доналд Трамп, кој „истрча“ да се пофали со убиството.

„Битката против ова зло се уште нема завршено“, порача британскиот премиер Борис Џонсон, додека пак француската министерка за одбрана Флоренс Парли порача дека ќе продолжи немилосрдната борба против Исламската држава.

Инаку, од американскиот Стејт Департмент имаа понудено награда од 25 милиони долари за информации кои би можеле да доведат до негово апсење или ликвидација.