Русија тврди дека не им помогналa на САД во акцијата против лидерот на ИД

Макфакс

27/10/2019

19:26

3.136

Големина на фонт

а а а

Руското Министерство за одбрана соопшти дека не знае ништо за каква било помош на американските авиони во воздушниот простор на Идлиб, каде била спроведена акцијата за ликвидација на лидерот на терористичката Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков оцени дека и убиството на Ал Багдади нема многу да влијае на ситуацијата во Сирија.

„Откако ИД беше поразена од страна на силите на сириската Влада и со поддршка на руските воздушни сили на почетокот на 2018 година, уште една смрт на Абу Бакр ал-Багдади нема да има влијание ниту на ситуацијата во Сирија, ниту на акциите на терористите кои останаа во Идлиб“ вели тој.

Ваквата изјава доаѓа како реакција на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на прес-конференција рече дека Русија на американските авиони им го отворила воздушниот простор кој го контролира над сириските територии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг