Хаосот во Ирак продолжува: Полицијата отвори оган врз демонстрантите, најмалку 7 мртви!

Точка

26/10/2019

23:03

2.758

Големина на фонт

а а а

Најмалку 7 демонстранти се убиени во јужниот ирачки град Насирија, кога група антивладини демонстранти се обиделе да влезат во домот на локалниот функционер, соопштила полицијата и здравствените власти.

Според полицијата, една група учесници на протестите се одвоила од неколкуте илјади демонстранти собрани во центарот на Насирија, за да упадне во канцеларијата на локалниот функционер, пренесува Ројтерс.

Чуварите потоа пукале во демонстрантите, откако тие ја запалиле зградата, пренесува полицијата.

АП пренесува дека четири лица се убиени откако се погодени со солзавец, како и дека полицијата погодила тројца демонстранти кога ја нападнале канцеларијата на покраинскиот офицер во јужниот град Насирија.

Инаку, најмалку 48 лица се убиени откако продолжија протестите оваа недела, а тие започнаа откако 149 лица се убиени во бранот на демонстрации на почетокот на овој месец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг