Реал Мадрид во јануари плаќа 40 милиони евра за фудбалер на Еспањол

Дерби

26/10/2019

13:44

1.535

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Шпанија ја посочија првата трансфер цел на Реал Мадрид за јануарскиот преоден рок.

Зинедин Зидан сака да ја засили средината на теренот, а по неуспешните обиди да се ангажираат Пол Погба, Дони ван де Бек и Кристијан Ериксен, сега „кралевите“ ќе тргнат по играч од Ла Лига.

Имено „Дон Балон“ пишува дека Флорентино Перез подготвил 40 милиони евра за играчот од средниот ред на Еспањол, Марк Рока.

22 годишниот шпански фудбалер игра одлично оваа сезона и со право го привлече вниманието на големите екипи. Освен Реал Мадрид за Рока има интерес и од Баерн Минхен, но наводно тој бил подготвен да остане во Шпанија и да одбие понуда од бундеслигашот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг