Во протестите во Ирак загинаа 30 лица

Макфакс

26/10/2019

12:46

661

Големина на фонт

а а а

Најмалку 30 лица загинаа во новиот бран протести коишто го зафатија Ирак, при што полицијата отвори оган за да ги растера демонстрантите.Десетици илјади лица, главно млади и невработени мажи, ги преплавија плоштадите и ги блокира улиците на Багдад, протестирајќи поради тешката економска ситуација и лошото работење на јавните служби. Немири имаше и во Насирија, Амара, Самава и уште неколку ирачки градови.

Демонстрантите во Багдад настрадале кога силите за безбедност врз нив испукале боева муниција во обид да ги растераат. Полицијата против демонстрантите употребила и солзавец и гумени куршуми.

До насилство во Насирија дошло кога ирачката шиитска милитантна група Асаиб Ал ал-Хак отворила оган врз група демонстранти кои се обидувале да влезат во нејзината локална канцеларија, додека во јужниот град Амара учесниците во протестот се обиделе да влезат во канцелариите на локалната милиција. Демонстрантите ги запалиле канцелариите на шиитската политичка партија и шиитската милиција во јужната ирачка провинција Мутана, соопшти полицијата. Исто така се запалени и канцелариите на движењето Хикма и Асаин Ал ал-Хак во градот Самава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг