Американците најавија дека се повлекуваат од Сирија, но нивната армија ќе ги „чува“ нафтените полиња

Точка

26/10/2019

18:22

3.426

Големина на фонт

а а а

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков ја коментираше најавата на САД дека сепак ќе задржат дел од армијата на територијата на Сирија.

Да потсетиме, Американците неодамна започнаа да ја повлекуваат својата армија од североистокот на Сирија со што ги оставија своите сојузници Курдите на удар на турската армија која неколку дена подоцна изврши агресија.

Но, од САД сега порачуваат дека одреден дел од нивната армија сепак ќе остане во Сирија за да ги „чува“ сириските нафтени полиња, а се шпекулира дека Американците би можеле на тие места да распоредат и тенкови.

Рјабков изјави дека Соединетите Американски Држави со овие контрадикторни сигнали можеби сакаат да создадат услови за понатамошно вршење на притисок на Дамаск.


Откако Американците се повлекоа од североистокот на Сирија, Турција изврши инвазија против нивните сојузници, а потоа Вашингтон и Анкара договорија примирје. Сепак, Ердоган и Путин имаа средба и направија договор за заеднички руско-турски патроли на североистокот на Сирија.

И, кога се чинеше дека американското влијание е конечно потиснато од Сирија, Американците порачаа дека нивните војници нема „целосно“ да се повлечат, односно околу 500 војници ќе ги „чуваат“ сириските нафтени полиња. Американците очигледно немаат намера да ги напуштат регионите со нафтени полиња како што ги напуштија регионите со курдско цивилно население кое беше мета на турските напади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг