Милион Чилеанци на мирен протест: Најмасовен протест досега, го блокираа целиот главен град

Точка

26/10/2019

11:52

1.051

Големина на фонт

а а а

Милион Чилеанци мирно протестираа во петокот навечер во главниот град Сантијаго, на најголемиот собир откако избија протестите поради поскапувањето на цените и нееднаквоста во оваа јужноамериканска земја.

Демонстрантите со знамиња, транспаренти и песни поминаа километри пред да се соберат на плоштадот Италија. Сообраќајот во градот беше целосно блокиран откако демонстрантите ги блокираа сите главни улици, раскрсници и целиот јавен превоз.

Сите демонстранти сепак се повлекоа во своите домови пред 23 часот кога започнува полицискиот час кој беше воведен поради низата на насилства кои што избија во главниот град Сантијаго.

Исто така, во чилеанскиот главен град е прогласена вондредна состојба од страна на претседателот Себастијан Пињера откако бројни објекти во центарот на градот беа запалени, а градските метро станици беа демолирани и целосно блокирани.

Главната причина за избивањето на протестите во оваа реалтивно мирна и економски стабилна земја во Јужна Америка беше покачувањето на цената на билетите за градскиот превоз. Чилеанските власти ја поништија одлуката, но протестите продолжија и поради големите трошоци, нееднаквоста и приватизирањето на образованието и здравството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг