Заев: Илија Димовски две и пол години го блокира изборот на државен ревизор

Макфакс

25/10/2019

16:51

2.175

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за заглавениот избор на државен ревизор, прстот го впери во претседателот на Комисијата за ибори и именувања, Илија Димовски кој според него ја кочи работата на оваа собраниска комисија.

„Две и пол години имаме трпение и чекаме претседателот на комисијата за ибори и именување, Илија Димовски, да го одблокира процесот за избор на нов државен ревизор. Ова не е чесно ниту коректно кон граѓаните на државата, оној кој што е на функција не треба да заборави дека треба да носи одлуки согласно законот. Токму поради тоа ние имаме една заробена институција, а загора на се му истече мандатот на заменик директорот на Државен завод за ревизија и ќе се соочиме со ситуација кога вработените таму нема да можат да земат плата“, рече Заев.

На овој начин, додаде премиерот, се заглавени и дуги закони: за АВМУ, за советот на МРТ, за судскиот совет и други важни закони.

„Замолувам да се има доблест да работиме во интерес на граѓаните, без оглед дали сме политички противници или сме на иста страна“, рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг