Макрон и десничарите осамени во ставот кон Скопје и Тирана

Макфакс

25/10/2019

15:42

1.366

Големина на фонт

а а а

Европските пратеници од партијата Движење на францускиот претседател Емануел Макрон и десничарските популисти од групата „Идентитет и демократија“ честопати заземаат сосем спротивни страни во ЕУ, но во средата беа обединети во противењето да се отворат пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, пишува денеска „Јуропијан вестерн балканс“.

Тие биле осамени во ваквиот став, па дури и политичките партнери на Макрон од групата „Обнова на Европа“ се спротивставиле на одлуката, пишува порталот, пренесувајќи ги аргументите на противниците за започнување преговори и критиките изречени од поддржувачите на проширувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг