Клиперси ги „растурија“ Вориорси, Бакс победи во Хјустон

Макфакс

25/10/2019

09:59

825

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс ја забележаа втората победа во новата сезона. Клиперс во дербито славеше над Голден стејт вориорс, 1412:122. Во второто дерби Милвоки бакс го надигра Хјустон рокетс, 117:111.

Клиперси против Вориорси победата ја најавија на почетокот кога поведоа со 14:0. Вориорси неколку пати се враќаа на минус од четири поени, но не успеаја да направат предност. Работите околу конечниот победник станаа јасни кога Клиперси во третиот период се одлепија на 31 поен разлика.

Лу Вилијамс со 22, односно Каваи Ленард со 21, 5 скока и 9 асистенции ги предводеа Клиперси. Кај Вориорс се истакнаа Стеф Кари со 23 поени, односно Дианџело Расел со 20 поени и 8 асистенции.

Јаниас Адетокумбо од почетокот на сезоната заигра МВП ниво. Го предводеше Милвоки со трипл-дабл до победата во Хјустон.

„Грик Фрик“ мечот го заврши со 30 поени, 13 скока и 11 асистенции. Адетокумбо стана првиот играч во историјата на Милвоки, кој во првиот меч во сезоната забележал трипл-дабл.

Џејмс Харден за Хјустон забележа 19 поени, 7 скока и 14 асистенции, додека Расел Вестбрук заврши со 24 поени, 16 скока и 7 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг