Почна „Охридскиот дијалог“ за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот

Макфакс

24/10/2019

20:30

1.825

Големина на фонт

а а а

Во Охрид денеска започна „Охридскиот дијалог“ чиј домаќин е премиерот, Зоран Заев, а во коорганизација со Алтлантскиот совет и Охридската група.

Министерот за надвореши работи, Никола Димитров, имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

На настанот присуствуваат голем број на дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка. Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија. 

Настанот се организира во очекување на полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг