Борис Џонсон бара вонредни избори на 12 декември

Макфакс

24/10/2019

19:32

1.240

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер, Борис Џонсон, планира да побара од парламентот одржување на вонредни избори на 12 декември. Тој смета дека тоа е единствен начин да се прекине застојот околу брегзит.

Наредните општи избори во Велика Британија се закажани во 2022 година и поради тоа Џонсон бара одобрение од парламентот за да се распишат вонредни избори. Тој веќе двапати се обиде да издејствува избори, но безуспешно.

Британскиот премиер вели дека до 12 декември пратениците ќе имаат доволно време да го прегледаат неговиот закон за брегзит. Според тој план, парламентот би продолжил да работи до 6 ноември, кога би почнала кампањата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг