Бајден го поздрави ратификувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Макфакс

24/10/2019

17:40

873

Големина на фонт

а а а

Поранешниот заменик-претседател на САД, Џо Бајден, го поздрави ратификувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Тој истакнува дека земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа.

„Силно ја поддржувам одлуката на Сенатот со која се одобрува членството на Северна Македонија во НАТО. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа како целина и ние треба да ја поддржиме евроатлантската интеграција на регионот“, напиша Бајден на „Твитер“. 

Американскиот Сенат во вторникот го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Сенатот гласаше со 91 глас „за“ и два „против“ од републиканските сенатори Ренд Пол од Кентаки и Мајк Ли од Јута.



Спонзорирани линкови

Маркетинг