Шпанецот првпат се огласи во јавноста по венчавката - Новак не беше поканет, но со него споделил нешто поинтимно

Супермен

24/10/2019

16:31

5.084

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал непосредно пред натпреварот во Казахстан против Новак Ѓоковиќ, првпат се огласи во јавноста.

Шпанецот открил како ги поминал претходните денови, а потоа се свртел кон професионалните обврски.

„Среќен сум што сум тука. Се оженив, го прославивме тоа онака како што треба и како што сакавме и сега е време за тенис и драго ми е што ги споделувам овие моменти со Новак“ - истакнал Надал кој воедно има одличен однос со српскиот тенисер, но сепак не го повикал на својата венчавка.


Да потсетиме дека Ѓоковиќ и Надал денес играат егзибиционен натпревар во Казахстан, а во наредните два месеци ги очекува многу неизвесна борба за тенискиот трон.


Шпанецот кој на почетокот на наредниот месец дефинитивно ќе го претекне Србинот на АТП листата, минатата недела ја круниса својата долгогодишна љубов со Марија Грансиска Перељ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk