Македонија „скокна“ една позиција на ФИФА-листата

Макфакс

24/10/2019

12:27

823

Големина на фонт

а а а

Фудбалската репрезентација на Македонија „скокна“ едно место на ранг-листата на ФИФА. Од денес Македонија се наоѓа на 68 место, на листата на која води Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Уругвај.

Македонија пред десетина дена во квалификациите за ЕУРО 2020 ја победи Словенија (2:1) и запиша пораз во Полска (2:0).

Од противниците на Македонија во квалификациската за пласман на ЕУРО 2020 најдобра рејтинг има Полска, 21 место. Пред Македонија се и Австрија (25), односно Словенија (65), а зад избраниците на Игор Ангеловски се Израел (89) и Латвија (143).



Спонзорирани линкови

Маркетинг