Запалени неколку автомобили во Штип: Две возила биле на функционер на СДСМ

Точка

24/10/2019

10:50

4.063

Големина на фонт

а а а

Вкупно три автомобили целосно изгореа во Штип, додека пожарот зафатил уште два автомобили во близина. Две од опожарените возила биле во сопственост на познат функционер на СДСМ.

Три автомобили целосно изгореа утринава во Штип, додека пожарот зафатил и уште два автомобили во близина. Еден од автомобилите бил во сопственост на поранешниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Штип, Никола Тушев, а уште еден бил во сопственост на неговиот татко.

Инаку, Тушев моментално е советник на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Најверојатно пожарот бил подметнат, а кога утринава тоа го забележале жителите на зградата во населбата Сењак, пожарот веќе драстично бил проширен, пренесува „ММС“.

Фото: mms.mk



Спонзорирани линкови

Маркетинг