Меси постави нов и израмни уште еден рекорд на две легенди на Реал

Дерби

24/10/2019

08:30

1.091

Големина на фонт

а а а

Барселона со доста мака дојде до трите бода на вечерашното гостување кај Славија Прага (2-1), победа во кој свој придонес даде капитенот на екипата Лионел Меси.

Аргентинецот беше инволвиран во двата гола на каталонците со тоа што првиот тој го постигна на асистенција на Артур. Токму овој погодок му донесе нови рекорди и место во фудбалските читанки на десетката на Барселона.

Лео стана првиот играч кој 15 сезони во низа најмлаку по еднаш ги тресе мрежите во елитното натпреварување. Таа серија започна од натпреварувачката 2005/2006 кога прва негова жртва беше Панатинаикос за да денеска Славија Прага стане 33 различен клуб против кого стрела во ЛШ.

Со ова израмни рекорд на две легенди на Реал Мадрид, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо, асови кои исто погодиле против 33 различни клубови во најквалитетното натпреварување.

Оваа тројка воедно е и водечка на вечната листа на стрелци, Португалецот има 127, Аргентинецот 113, додека Шпанецот иако веќе подолго време не е активен има 71 гол со што е на третата позиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг