Еден човек успеал да ѝ одолее на Мерилин Монро и на понудата да спие со неа кажал “не“

Точка

23/10/2019

15:50

8.389

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот фотограф на златната ера на Холивуд, Даглас Киркленд, самиот се нашол меѓу четири ѕидови со најубавата жена на светот Мерилин Монро и успеал да ѝ одолее.

Наиме, Мерилинка дошла во неговото ателје за да ја фотографира, а пред да почнат со работата таа им кажала на сите да излезат затоа што “мора да направи нешто насамо со момчето“.

Станува збор за популарниот сет фотографии на кои Мерилинка се наоѓа во кревет и под послетнината не носи ништо, а идејата била истите да бидат што попровокативни.


Иако пред него се наоѓала најубавата жена на светот, Даглас сепак се сетил дека кај него дома има сопруга и три деца, па се преправал дека не ги слуша нејзините заводливи коментари.

Даглас исто така раскажал дека на снимањето Мерилин пристигнала со половина час задоцнување.

„Дојде како некоја друга личност, како Мерилин за која сите фантазираа. Имаше силна сексуална енергија и секое нејзино движење беше заводливо. Се качив на галеријата и ја фотографираф одгоре, а таа цело време флертуваше со мене“ - изјавил фотографот за американските медиуми.

На крајот го прашала дали сака да ѝ се придружи во кревет, но тој со голема самоконтрола ја одбил. Сепак големата меѓусебна сексуална тензија и двајцата ги инспирирала да настанат едни од нејзините најдобри фотографии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг