Џонсон се закани со општи избори и повлекување на законот за Брегзит

Точка

22/10/2019

22:04

1.772

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе го повлече законот за Брегзит и ќе свика општи избори, доколку пратениците во парламентот се откажат од планираниот распоред за расправа, во рамки на која законот треба да биде изгласан.

Ова за BBC го изјави извор од британската Влада, наведувајќи дека „владата не сака да губи време со овој парламент“.


Законот за Брегзит беше објавен вчеравечер и во британскиот Парламент во тек е расправа по него.

BBC наведува дека гласањето за законот треба да почне околу 19 часот по локално време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг