Арсенал или Барселона? Тиери Анри мораше да избере еден клуб

Точка

22/10/2019

16:03

5.587

Големина на фонт

а а а

Тиери Анри своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи на светот, а најголемите успеси ги постигна како фудбалер на Арсенал и Барселона.

Анри својата кариера ја започна во Монако, по што се пресели во Јувентус. Таму остана само шест месеци, по што направи трансфер во Арсенал, а таа беше одличен потег во неговата кариера.

Французинот играше фантастично во дресот на лондонскиот клуб и беше дел од легендарната генерација која во сезоната 2003/2004 ја освои титулата во Премиер лигата без ниту еден пораз. После осум години во Арсенал, тој одлучи да се пресели во Барселона, каде што играше во следните три години и успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, нешто што беше негова главна цел.

Иако поголем дле од својата кариера го помина во Арсенал, тој сепак вели дека и каталонскиот клуб е многу важен дел од неговата кариера. Францускиот напаѓач мораше да одговори кој клуб му е повеќе драг, Арсенал или Барселона, а тоа сигурно не беше лесно прашање за него.

„Зошто ја избрав Барселона? Многу ми се допаѓаше Арсенал и ден денес го сакам како клуб, но секој играч сака да освојува титули и награди, а токму поради тоа се преселив во Барселона“, изјави Анри и додаде:

„Во кој клуб ги минав најубавите моменти во мојата кариера? Најдобрите моменти во мојата кариера беа во Арсенал, но Барселона е некако поблиску до моето срце. Со Барселона освоив се, беше убаво искуство и што е најважно, ги задоволив амбициите на навивачите“, изјави Тиери Анри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг