Ердоган го нападна Макрон и го отфрли неговиот предлог: Тој разговара со терористите!

Точка

22/10/2019

13:15

2.774

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон да биде продолжено примирјето на северот на Сирија.

Макрон истакнал дека е од голема важност продолжувањето на примирјето на северот на Сирија и тоа го истакнал за време на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин.

Сепак, турскиот претседател се огласи и порача дека не примил таков предлог: „Макрон се состанува со терористи и го избра тој начин за да ни го пренесе предлогот на терористите“.


Ердоган порача дека офанзивата ќе продолжи со уште поголема одлучност доколку курдските сили не се повлечат до 22 часот по локално време (19:00 GMT).

„Примирјето завршува вечерва во 22 часот. Доколку ветувањата кои ни ги дадоа Американците не бидат исполнети, операцијата ќе продолжи со уште поголема одлучност“, предупреди Ердоган пред клучната средба со Владимир Путин.

Ердоган потврди дека досега од 700 до 800 курдски борци се повлекле од „безбедносните зони“ кои Турција има намера да ги воспостави долж турско-сириската граница за да се раздвои од, како што велат од Анкара - терористите. Според неговата проценка, подрачјето треба да го напуштат уште 1300 Курди.


„Будно го следиме тоа. Процесот нема да биде завршен без целосно повлекување на курдските сили“, порача Ердоган.

Турскиот претседател додаде дека со Путин ќе разговараат за судбината на градовите на североистокот на Сирија во кои што неодамна навлегоа легитимните сили на сириската армија.

„Ние за тоа ќе разговараме детално со Путин“, изјави Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг