За апсењето на Љубе Бошкоски одново ќе сведочат сите сведоци и оштетени

Макфакс

22/10/2019

12:14

784

Големина на фонт

а а а

Оштетениот Љубе Бошкоски, сите досегашни сведоци и оштетени, ќе мора повторно да сведочат пред судот за случајот “Тортура”, бидејќи предметот поради смена на поротник и истек на 90 дена почна од почеток.

Обвинителот Љубомир Лапе побара наместо да се сослушуваат повторно сведоците, да се гледаат видеоснимките од нивните сведочења, но адвокатите на обвинетите Сашо Мијалков и “алфите” беа против.

Сашо Мијалков и шесте “алфи” се изјаснија дека не се виновни. “Апсолутно не се чувствувам виновен”, рече Мијалков. Следното рочиште е закажано за 5 ноември кога треба да се читаат материјалните докази.

Во „Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Анчевски Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Обвинителството ги гони обвинетите за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг