Раскошна свеченост за паметење: Свечено крунисан 126-от јапонски цар! Нарухито го преземал Престолот на хризантемата

Точка

22/10/2019

09:43

3.002

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот цар Нарухито го преземал официјалниот трон на церемонијата одржана во царската палата.

Церемонијата на крунисувањето на Нарухито како 126-ти цар на најстарата наследна светска монархија претставува врвот на ритуалот за предавање на престолот, откако неговиот татко Акихито абдицирал во мај. 

Церемонијата служи за монархијата да ја одржи поддршката од јавноста и да го зачува јапонското културно наследство. Тоа, исто така, било можност и за дипломатски активности, бидејќи околу 2.000 гости, вклучувајќи и странски државници, биле поканети на крунисувањето на новиот јапонски цар.

Меѓу најугледните гости биле европски кралеви и кралици, а од регионалните службеници присуствувале, меѓу другите, јужнокорејскиот премиер Ли Нак-јон и лидерката на Хонгконг, Кери Лам.

Царот Нарухитои неговата сопруга Масако, дипломати образовани, ги посетиле трите светилишта во палатата за да се поклонат на шинтоистичките богови. Во чест на крунисувањето на царот, јапонската влада прогласила аболиција за околу 550.000 луѓе кои биле осудени за помали кривични и прекршочни дела, како што се сообраќајни прекршоци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг