Зидан за шпекулациите за можниот негов наследник: Тоа ми пречи, јас сакам да…

Дерби

22/10/2019

09:20

1.089

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид игра многу променливо во оваа сезона, а особено е критично во Лигата на шампионите каде поранешниот европски шампион има само еден освоен бод по првите две кола и сега го очекува незгодно гостување кај Галатасарај.

Тоа дефинитивно ќе биде сериозен тест за „кралевите“ кои едноставно повеќе немаат право на кикс, кикс кој дефинитивно би значел дополнителен притисок врз тренерот Зинедин Зидан. Популарниот Зизу во својот втор мандат засега не успева да се наметне, да ги има резултатите кои ги посакува, па има одредени шпекулации дека Жозе Мурињо може да го замени.

Овие информации, гласини не му се допаѓаат францускиот стратег кој искрено проговори на оваа тема и притоа посочи која е неговата главна задача.

-Во фудбалот луѓето забораат што си направил во минатото. Најважната работа е сегашноста… Нема да кажам дека не ми пречи тоа што се зборува за другите тренери, затоа ми пречи. Ама тоа што можам да направам како тренер е да дадам се од себе, да ги натерам тоа да го направат и играчите, да дадат се од себе-тоа можам да го направам. Пред нас е одличен натпревар, одличен стадион, ЛШ… ја знаеме ситуацијата и сакаме да победиме, -порача Зизу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг