Првите снимки од Асанж откако е во затвор - драстично послаб и без долга брада

Точка

21/10/2019

19:30

2.333

Големина на фонт

а а а

Асанж (48) седум години ги помина во егзил во Амбасадата на Еквадор во Лондон пред да биде пријавен на полицијата.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој моментално се наоѓа во затворот во Велика Британија, денес имал сослушување пред судот, а снимател на „Рупти“ успеал накратко да го сними додека со комбето го пренесувале по лондонските улици.

Асанж бил снимен со значително поразличен изглед, со различна брада и коса во текот на неговото апсење, а денес бил среден. Иако, како што изгледа значително и послаб.

Асанж беше приведен во мај, а на денешното сослушување повторно се жалел на условите во кои е заробен.

Во затворот во Британија најмалку ќе остане до февруари 2020-та година, до кога треба да се одлучи дали Асанж треба да биде префрлен во САД поради споделување и ширење на тајни информации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг